ЗА НАС

ИСТОРИЈА

Баукит Логистика ги започна своите операции во 2012 година во Скопје, сега исто така познати и под името Бауком. Се започна со една голема идеја да се задоволат потребите на купувачите со квалитетен рачен алат и додатоци, но базирано на континуираниот успех и позитивните резултати во секоја година компанијата го прошири својот асортиман вклучувајќи: градежни материјали, внатрешни декорации, надворешни декорации, силикони, пурпени и лепаци увезувајќи најмногу од Полска, Србија, Турција, Грција и Кина. Компанијата има магацин со површина од 1.000м2 и работи само во големопродажба, на овој градиме мостови помеѓу нашата компанија и новите клиенти, поедноставувајќи ја нивната секојдневна работа нудејќи им преку 1.000 производи.

ВИЗИЈА И МИСИЈА

Нашата визија е да ја направиме нашата компанија една од најуспешните со долгорочна стратегија и професионален менаџерски тим следејќи ги нашите цели и визии. Ние ќе продолжиме да увезуваме нови производи и константно да го шириме нашиот магацин. Нашата мисија е да бидат нашите клиент задоволни и да веруваат во нашиот квалитет и квантитет во секое време кога ќе им треба. Базирано на конкуренцијата, нашиот следен предизвик е создавање на наш бренд и пласирање на пазарот, а со тоа да бидеме различни од другите и да имаме поконкурентни цени.

КУПУВАЧИ

Наша таргет група се големопродажните добавувачи како и крајните купувачи. Нив ги снабдуваме со високо квалитетни производи и им нудиме гаранција, како и посветеност и услужливост. Нашата цел и да имаме долгорочни партнерства со нашите клиенти и да се грижиме за нив секогаш, не само кога ќе ги купуваат производите, туку се додека ги користат.

ЖИВОТНА СРЕДИНА

Нашата животна средина е наша одговорност и обврска за цел живот. Сите сакаме да живееме во чиста животна средина и да дишиме чист воздух. Затоа соработуваме со други компании кои го менаџираат отпадот од пакувањата на еколошки начин.